fbpx

Формирана работна група за реформи во следењето на комуникациите

-

Владата на денешната 34. седница, донесе одлука за формирање работна група што ќе ја следи имплементацијата на планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, од 2015 година, соопшти владината прес-служба.

Претставникот од Министерство за внатрешни работи, Силјан Аврамовски, е назначен за претседател на работната група која е составена од 29 членови, вклучувајќи претставници на министерства, на Собранието, на правосудството, на Народниот правобранител, како и повеќе претставници на научно-академската бранша.

Аврамовски бил министер за внатрешни работи во владата на Владо Бучковски и директор на УБК за време на истата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...