fbpx

Формиран управен одбор за дигитална интеграција на Западен Балкан

-

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска во Сараево формираа управен одбор задолжен за активностите околу дигиталната интеграција на регионот, кој, меѓу другото, треба да го подготви и дигиталниот самит на Западен Балкан во 2018 година.

Со оваа средба почнаа активностите околу спроведување на Повеќегодишниот акционен план (MAP) за изградба на Регионален економски простор – документ и заклучоци усвоени на самитот во Трст во јули годинава помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Состанокот се одржа во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и германското Министерство за економски односи и енергетика, а на состанокот присуствуваа и претставници на Европската комисија, Федералната влада на Германија, претставници на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и на Србија.

Дигиталната агенда е еден од главните столбови на планот, а целта е на шесте земји од Западен Балкан, преку дигиталната интеграција, да им се отвори пристап кон паневропскиот пазар на дигитална економија. За тоа се неопходни стратегии на дигитализација прилагодени на идните потреби, ажурирани законски рамки, унапредена широкопојасна инфраструктура и дигитална писменост, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...