fbpx

„Форин аферс“: Дали македонските националисти ќе ја уништат земјата?

-

Големата поларизација на општеството носи демонстрации на улиците, а формална истрага виси над главата на најмоќната личност во државата, која пак дејствува да го спречи тој процес. Москва гледа на ситуацијата со радост додека се обидува да посее сомнение за институциите во земјата и за самиот концепт на демократија, пишува американскиот магазин „Форин аферс“ во опширна анализа за ситуацијата во Македонија.

„Иако паралелите се впечатливи, описот погоре не се однесува на САД, туку за Македонија, мала балканска земја која брзо се покажува како пример за она што се случува во демократиите кога лидерите не го почитуваат владеењето на правото. Кога стабилноста на Македонија виси на конец, републиканските сенатори во Конгресот на САД неодговорно се вмешаа во кавгата, со што го интензивираа руското мешање. Автократскиот поранешен премиер на земјата, Никола Груевски, е предмет на неколку истражувања кои започнаа минатата година од страна на Специјален јавен обвинител“, пишува магазинот.

Според „Форин аферс“, кризата нема да заврши сега кога Заев ја презема власта, туку ќе влезе во нова фаза.forin afers

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со нивните напори да ја дестабилизираат владата и форсираат нови избори за да избегнат затвор. Уште еднаш, надворешните актери, како САД, ЕУ и Русија ќе имаат критично дури и одлучувачко влијание на оваа мала земја. Во оваа променлива ситуација, од клучно значење е Вашингтон да ја води. Како и секогаш, европските метрополи обрнуваат само повремено внимание на Балканот. САД треба да ги притисне Берлин и Брисел да се приклучат не само во обезбедување на помош и стимуланси, туку и во изолирање, црни листи (негирање на визи), и замрзнување на средствата на оние кои ја поттикнуваат кризата и ја поткопуваат демократијата да добијат или да одржуваат политички моќ“, анализира „Форин аферс“.

Магазинот заклучува дека само решителни лица во Вашингтон, кои забрзано ќе работат со нивните европски партнери, може да го спречат најлошото во Македонија и во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...