fbpx

Фондација „Метаморфозис“: Тврдењата на СОС се тешки лаги и клевети

-

На тврдењата и оцрнувањата на голем број невладини организации што во саботата ги изнесоа Никола Србов, Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски, претставувајќи се како иницијатива „Стоп операција Сорос“, реагира и Фондацијата „Метаморфозис“. Во демантот се вели дека спротивно на принципите на дејствување на невладиниот сектор како непартиски коректив на која било власт, групата од тројца граѓани претставувана како невладина организација или невладина иницијатива под името „Стоп операција Сорос“ дрско одработува за интересите на една политичка партија, односно е вклучена во нејзината јавно објавена агенда за пресметка со независниот и прогресивниот дел од граѓанскиот сектор.

„Фондацијата „Метаморфозис“ најостро ги осудува и ги квалификува како тешка лага и клевета и во целост ги демантира изјавите на претставниците на групата од три граѓани наречена „Стоп операција Сорос“ (СОС), искажани на прес-конференцијата на 4 февруари 2017 година. На прес-конференцијата беа изнесени лаги за „Метаморфозис“, вклучително и неточни обвинувања дека на сметки на фондацијата легнувале „милионски суми“ кои, наводно, биле користени за партиски активности и за цели на СДСМ“, се вели во демантот испратен до медиумите, во кој се вели дека средствата на „Метаморфозис“ никогаш не биле и нема да бидат користени за активности на која било политичка партија.

Според Фондацијата, станува збор за обид да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми, но истовремено да се извалка репутацијата на „Метаморфозис“ и на сите здруженија што не се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа потсетуваат на биографијата на еден од тројцата од „Стоп операција Сорос“.

„Напротив, спротивно на принципите на дејствување на невладиниот сектор како непартиски коректив на која било власт, групата од тројца граѓани претставувана како невладина организација или невладина иницијатива под името „Стоп операција Сорос“ ја одработува јавно објавената агенда на една политичка партија за пресметка со независниот и прогресивниот дел од граѓанскиот сектор. Еден од гласноговорниците на таа група е вработен во државна новинска агенција, откако ја вршеше функцијата советник за односи со јавноста на претседателот на РМ, кој, пак, на таа функција дојде како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во демантот.

Фондацијата „Метаморфозис“ посочува дека постои од 2004 година како независен непартиски субјект и оттогаш постојано работи на градење информатичко општество и зајакнување на позицијата на граѓаните во општеството без оглед кои партии се на власт.

„Ниту фондацијата „Метаморфозис“, ниту кој било од донаторите со кои соработуваме, не финансираат ниту спроведуваат проекти базирани на партиски или идеолошки ориентации. Сите наши активности и финансиски извештаи се достапни за јавноста“, стои во дописот, со кој се бара јавно извинување.

„Најостро ја отфрламе и квалификацијата дека сме организација што работи по нечија наредба. Поради изнесените груби лаги, клевети и обид за уривање на угледот на „Метаморфозис“ и на нејзините вработени,  од претставниците на групата СОС бараме јавно извинување. Во спротивно ќе поднесеме тужба за навреда и за клевета. Од медиумите што ги пренесоа клеветите бараме објавување на овој демант на исто место и со исто времетраење како и изнесените дезинформации. Тие медиуми што нема да ја исполнат оваа уставна и законска обврска, ќе ги сметаме за соучесници во кампањата против невладиниот сектор и ќе бидат опфатени со тужби“, порачува фондацијата „Метаморфозис“.

Серија деманти и најави за тужби испратија и многу други невладини и граѓански организации, кои побараа извинувања за лагите и за клеветите на СОС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...