Фирмите ќе можат да користат 100 милиони евра од ЕИБ на есен


       
Скопје, 31 јули, 2018 - 9:36 (META) 

100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија, на есен информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека министерството изготвило Закон за гаранција, кој ќе се најде денес на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.

„Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор помеѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, како и Министерството за финансии во својство на гарант на заемот. Со потпишување на договорот 100 милиони евра ќе станат достапни за малите и средни претпријатија. Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници. Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, ќе се зголеми ликвидноста во стопанството и ќе се зголеми извозот“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.