fbpx

Финансиската полиција поднесе пријава против досегашниот директор на „Фени“

-

Два дена откако бугарската „Енекод“, која се претстави како нов сопственик на „Фени индустри“, во Централниот регистар впиша нови директори на кавадаречкиот гигант и го избриша името на поранешниот главен извршен директор Јусуф Миракхмедов, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов.

Го сомничи за злоупотреба на службена должност и овластување.

Низ истрагата во текот на две седмици, Финансиската полиција утврдила дека директорот незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.

Вчера, компанијата БГРС, малцински акционер на „Кунико ресорсис“, исто така поднесе кривична пријава против Миракхмедов, товарејќи го за злосторничко здружување, злоупотреба на службена дејност и овластување, измама, како и за бројни други дејства.

Миракхмедов беше поставен од „Кунико рисорсис“, а беше извршен директор на „Фени“ од 2015 година.

Инаку, Основен суд Велес завчера отвори претходна истражна постапка за стечајот на „Фени индустри“, откако тоа во понеделникот го побарале „Комерцијална банка“, „Стопанска банка – Скопје“ и „Силк роуд банка“, поради долгови кон нив од 40 милиони евра. Покрај тоа, „Кунико рисорсис“ на другите доверители и на работниците им должи 20 милиони евра.

Расправата за стечајот на „Фени индустри“ ќе се одржи на 13 ноември, а велешкиот суд во текот на претходната постапка определи мерки на обезбедување во согласност со одредбите од Законот за стечај, односно  именуван е привремен стечаен управник, одредена е општа забрана за располагање со имотот на должникот, забрането е одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и забранети се исплати од сметката на должникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...