Управата за финансиска полиција подготвила пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице. Пријавите се поднесени во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое соопшти дека ги проучува пријавите и ќе се произнесе за нив.
„Кривичните пријави се поднесени поради основан сомнеж дека се направено кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.