fbpx

Финансиска полиција: Во акцијата „Геодет“ уапсени 19 лица за катастарски малверзации

-

Вкупно 19 лица, од кои деветмина актуелни и двајца поранешни вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, еден сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје и седум лица кои незаконски стекнале недвижен имот, биле уапсени во акција на Финансиската полиција под оперативното име „Геодет“, соопшти денеска Управата за финансиска полиција.

Како што информираат оттаму, уапсените се товарат за повеќе кривични дела, односно злоупотреба на службената положба и овластување, соизвршителство, примање поткуп, поднесување лажни докази и помагање.

Според Финансиската полиција, станува збор за криминал со катастарски малверзации тежок околу 5 милиони евра.

Главен организатор на криминалот откриен во „Геодет“, според Финансиската полиција, е 33-годишната Т.Б., која до скоро била вработена како дипломиран правник во скопскиот катастар, а во криминалната шема биле вклучени шалтерски работници, поголем број геодети и тројца раководители од скопскиот катастар.

Оперативната обработка „Геодет“ била отворена по официјална пријава од Агенцијата за катастар за недвижности во Скопје.

Според истрагата на Финансиската полиција, шемата по која операрирале осомничените, кај речиси сите предмети и со мали исклучоци се одвивала на два начина.

„Првиот начин за криминално запишување права на недвижности бил преку поднесување фиктивни пријави за запишување со фалсификувани документи или без никакви документи од страна на лицата на кои требало да им биде запишан определен имот на шалтер во скопкиот катастар, кај однапред договорен шалтерски работник од каде потоа од еден од осомничените раководители ѝ бил доделуван на првоосомничената Т.Б. Вториот начин кој им бил полесен за спроведување и е почесто користен е тој што еден од осомничените раководители, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, отварал службен предмет за наводна исправка на некоја техничка грешка во катастарот на недвижности и потоа спротивно на процедурите за постапување во Агенцијата за катастар на недвижности, предметот наместо на геодет, директно ѝ го доделувал за работа на пријавената правничка Т.Б., која крајно носела одлука што ќе биде запишано во катастарската евиденција“, стои во соопштението на Финансиската полиција.

Ваквата криминална шема групата ја почнала од крајот на 2014 година и траела сè до средината на 2015 година кога биле и откриени.

Според Финансиската полиција, групата за неколку месеци сторила петнаесетина малверзации со катастарски парцели.

„По наредба на судија на претходна постапка, кај двајца од пријавените кои се обвинети за примање поткуп извршен е претрес во нивните домови, при што кај првоосомничената се пронајдени дел од документи што се однесуваат на криминално запишаните недвижности заради што овие докази ќе бидат приклучени кон кривичната пријава. Сите уапсени во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, кој треба да одлучи дали пријавените ќе завршат во притвор или ќе се бранат од слобода“, стои во соопштението на Финансиската полиција.

https://www.youtube.com/watch?v=2o7G2jMePnc&feature=youtu.be

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...