fbpx

Формирањето на ОТА се уште е финансиска енигма

-

Надлежните институции си ја префрлаат топката за одговорот на прашањето, колку ќе чини формирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА), новото тело кое ќе раководи со опремата за прислушување во земјава.

Собранието денеска го изгласа Зоран Ангеловски за директор на ОТА, но се чини дека никој не знае колку пари од буџетот се предвидени за имплементацијата на новиот Закон за ОТА или пак сè уште се калкулира по ова прашање.

Наместо детални податоци околу фискалните импликации во законот се вели дека финансиските средства потребни за спроведување на Законот за Оперативно-техничка агенција ќе се обезбедат од буџетот.

На прашањето до Министерството за финансии, кое е надлежно за државниот буџет колку пари во буџетот се предвидени за формирање на ОТА, оттаму упатија одговорот да се бара во Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, пак, советуваа одговорот да се бара во Собранието, од каде што упатија на надлежната собраниска Комисија за одбрана и безбедност. Оттаму не ни одговорија на прашањето поставено на официјална мејл-адреса.

ОТА треба да започне со работа од ноември, а формирањето на оваа Агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, со што се бараше да се спречи злоупотребата со прислушувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...