fbpx

Филмските работници испратија протестно писмо до Владата

-

Поради законските измени за плаќање придонеси за хонорарците, филмските работници во Македонија испратија отворено протестно писмо до Владата.

Во писмото се вели:

„Ние, филмските работници на Република Македонија, сме крајно загрижени за ефектите што ќе ги предизвикаат законските измени за плаќање придонеси за хонорарците во филмската дејност. Како начин на функционирање, филмот е природно поврзан со хонорарното работење и најголем дел на луѓето што ја сочинуваат браншата се хонорарци. Со новите регулативи, филмаџиите стравуваат дека крајниот исход ќе биде неминовно намалување на и онака скромните средства што се заработуваат во текот на годината. Тоа е еден непремостлив јаз за најголемиот дел од луѓето, а некои ќе бидат принудени да ја напуштат филмската дејност и да си бараат друг начин за егзистенција. Филмот е благородна, но и тешка уметност и за да се истрае, ние филмаџиите работиме со силно чувство на заедништво. Доколку повредите еден, сте ги повредиле сите. За жал, со новите законски измени, ние мислиме дека е невозможно да се најде модел кој би ги ублажил последиците од зголемените даноци, а како резултат на тоа, неминовно ќе се створи голема нетрпеливост меѓу работниците и сето тоа ќе резултира со намален квалитет и желба за вложување во филмот. Токму поради наведеното, апелираме до Вас да размислите уште еднаш за последиците што можат да настанат од овој закон додека штетата не е направена.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...