fbpx

Филипинскиот претседател бара странските војски да ја напуштат земјата

-

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска, за време на посетата на Токио, повтори дека сака странските трупи да ја напуштат неговата земја, по можност во следните две години.

Дутерте во говорот на економскиот форум во Токио рече дека тој спроведува независна надворешна политика.

Присуството на американските војници во пет филипински кампови е договорено со договор кој САД го потпишаа со претходникот на Дутерте, за да се воспостави противтежа на кинеската воена надмоќ.

Дутерте, сепак, се приближи до Кина и сега ја критикува американската воена политика.

Филипинскиот лидер се наоѓа во тридневна посета на Јапонија. Во текот на денот се очекува да се сретне со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, а вечерта, според најавите, Абе ќе му приреди прием.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...