fbpx

„Фич“: Референдумот е голем тест за Владата и кредитниот рејтинг на Македонија

-

Македонија одамна е влезена во цикличен процес на задолжување за раздолжување бидејќи без нови кредити односно издавање обврзници буџетот на државата би бил неликвиден и би немало доволно пари за исплата на законски задолжителните расходи какви што се пензиите, платите во администрацијата и социјалните бенефиции. Затоа, битна улога за финансиската кондиција на државната каса има кредитниот рејтинг на државата и остварувањата на критериумите по кои меѓународните кредитни агенции го одредуваат рејтингот од кој пак зависи која цена односно камата ќе ја плаќаат македонските граѓани за новите задолжувања на Владата на меѓународниот пазар.

Еден од најважните критериуми кој го користат рејтинг агенциите е политичката стабилност. Тоа го потенцираат и од една од најголемите меѓународни рејтинг агенции „Фич“. На прашањата какво влијание имаат евринтегративните процеси врз кредитниот рејтинг на една земја и дали може се очекува позитивен инпакт врз македонскиот кредитен рејтинг доколку граѓаните на претстојниот рефрендум изгласаат промена на името во Северна Македонија и зачленување во НАТО и ЕУ, од „Фич“ упатуваат на последниот извештај за Македонија објавен во јули, годинава каде што се одредени и клучните фактори за рејтингот на земјата. Тогаш, „Фич” го потврди рејтингот на Македонија ББ, со позитивен изглед.

Dolg_bdp_0

„Позитивниот изглед го одразува постабилното политичко окружување, кое резултира со повисока економска доверба, пренасочувањето на политиките кон членство во ЕУ и подобрените меѓународни односи“, се вели во извештајот на Фич.

Во него се укажува дека напредок е нотиран и кај фискалната транспарентост, чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија, прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавањето на спорот. Во агенцијата нагласуваат дека успешно решение на спорот за името бара и промена на македонскиот устав за што ќе се одржи референдум.

„По мислењето на „Фич“, резултатите од референдумот носат несигурен политички исход. Ова ќе биде голем тест за Владата на СДСМ која се соочува со силна опозиција од поранешната владејачка партија националистичката ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во извештајот.

Dolg_evra_0

Од „Фич“ потенцираат дека главните ризик-фактори кои индивидуално или колективно би можеле да доведат до подобрување на кредитниот рејтинг на Македонија се подобрување на стандардите на управување и понатамошно намалување на политичките ризици, како на пример низ подолгорочна политичка стабилност, имплементација на клучните институционални реформи и прогрес кон зечленувањто во ЕУ и краткорочна фискална консолидација со стабилизација на на јавниот долг како дел од БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...