„Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија, ББ од негативен во позитивен


       
Скопје, 3 февруари, 2018 - 10:31 (META) 

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, го подобри кредитниот рејтинг на Македонија, ББ од негативен во позитивен.

На подобрувањето на рејтингот влијаела политичката стабилизација, подобрувањето на меѓународните односи, напредокот на реформите во „план 3-6-9“, резултатот од локалните избори, активноста на Специјалното јавно обвинителство околу прислушуваните разговори.

Од агенцијата наведуваат дека, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и дека Македонија очекува позитивна препорака од Европската комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

На потврдата на рејтингот ББ влијаело и оддржувањето на ниска инфлација и финансиска стабилност. Врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација и стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП.

Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.