fbpx

„Фибула груп“, во хотелот „Изгрев“, прослави 20 години од постоењето

-

Изминатиов викенд, во хотелот „Изгрев“ кај Струга, туристичката мрежа „Фибула груп“ ја прослави 20-годишнината од постоењето. Присуствуваа претставници на националните канцеларии на „Фибула груп“ од шест земји во регионот: Турција, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Романија и Србија.

Прославата на јубилејот беше конципирана и како презентација и промоција на македонските туристички можности, со учество и на партнерските туристички оператори на „Фибула“ од земјите во регионот. Беше тоа и промоција на хотелот „Изгрев“, можеби, во моментов, најлуксузниот на охридското крајбрежје. Паралено, се гради и голем хотелски комплекс во Охрид.

Пред присутните на прославата, официјално обраќање имаше Ајхан Мавису, претседател на одборот на директори на „Фибула груп“.

– Изминативе две децении, напорно работевме, континуирано вложувавме во капацитетите на нашите тимови и бевме иновативни во наоѓањето решенија за да ги промовираме туристичките капацитети во земјите во кои што функционира „Фибула груп“. За одбележување на 20 години постоење, ја избравме токму Македонија, заради значењето што го има за нашата мрежа, една од првите отворени канцеларии што придонесе за растење на мрежата, покажаниот нагорен тренд во туристичките потенцијали и вредната инвестиција што ја вложивме во реновирање на хотелот „Изгрев“. Цврсто веруваме дека овој успешен јубилеј е само мотив за сите национални канцеларии на туристичката мрежа да продолжат со веќе докажаните успеси и со одличната работа – рече Мавису.

Најголемата туристичка мрежа на Балканот, за прославување на својот дводецениски јубилеј ја избра Македонија и хотелот „Изгрев“, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со пет ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на групацијата.

„Фибула“ е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, Ајхан Мавису, ја проширува мрежата во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија. Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, „Фибула“ во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.