fbpx

Фетаи побара приведување на Груевски, судењето за „Насилство во Центар“ продолжува на 30 август

-

Со доцнење на обвинетиот Никола Груевски, барање на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи тој да биде приведен и со сослушување сведоци, во скопскиот Кривичен суд денешното рочиште од случајот „Насилство во општина Центар“ беше едно од подинамичните.

Следното ќе се одржи на 30 август.

На почетокот, бидејќи Груевски не беше дојден, Фетаи побара тој да биде приведен бидејќи упорно доцни на судења.

– Вас не ве почитува чесен суде, не нас обвинителите. Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава – додаде обвинителот Гаврил Бубевски.

Тогаш Груевски дојде во судницата, а судијата Душан Јосифов го опомена дека пречесто доцни и оти тоа веќе на ништо не личи. Груевски само го погледна и ништо не одговори.

Денеска беа сослушани двајца поранешни советници во Општина Центар од коалицијата предводена од СДСМ – Јован Тагасовски и Дарко Гигоски.

Првиот рече оти се сеќава дека група луѓе фрлале тврди предмети, при што повредиле една советничка и дека тој се обидел да им објасни дека на дневниот ред на седницата на Советот на општина Центар нема одлука за рушење на црквата „Св.Константин и Елена“.

Гигоски препозна тројца во судницата кои учествувале во групата која упаднала на седницата.

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред Општина Центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...