fbpx

Фетаи: Ако има добра волја ќе се најде решение за подигање обвиненија и за новите истраги

-

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи во интервју за емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“, изјави дека „несреќниот член 22“ од Законот за СЈО го ограничува ова обвинителство во овој момент да подига обвиненија, но, формално правно не го ограничува да отвора нови истраги.

Таа најави дека е можно некои од отворените истраги, кога ќе стигнат до фаза за подигање на обвиненија, да бидат предадени на работа во редовното Јавно обвинителство.

Станува збор за случаите „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“, што СЈО ги отвори на 19 декември, како и истрагата за случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, што беше отворена во мај, која не го фати рокот од 18 месеци за подигање на обвиненија.

– Наша должност е ние да гониме кога постојат докази дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Самата кривична постапка е составена од повеќе фази. Имаме предистрага, после истрага, фаза на прибирање на докази, односно кога постои основано сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, и фаза на подигање на обвинение. Тоа е оној момент кога јавниот обвинител ќе собере доволно докази од коишто основано може да се очекува донесување осудителна пресуда. Во таква ситуација, можно е таков предмет да биде предаден на работа на редовното Јавно обвинителство, и на тој начин би биле и законски покриени – изјави Фетаи.

Прашана околу дилемата дали би било законски спорно тоа што предмет на СЈО ќе биде предаден на потпишување на некој од редовното обвинителство, со оглед дека Специјалното јавно обвинителство е исклучиво надлежно за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското прислушување, Фетаи вели дека „ако има добра волја може да се најде и некое законско решение тие предмети да преминат во редовното обвинителство“.

– Сè уште не сме дојдени во таква ситуација, да имаме некоја наша истрага којашто би била дојдена во фаза да биде поднесено обвиниение, меѓутоа во тој момент кога ќе имаме некој таков предмет, ќе се изнајде решение за се. Доколку постои добра волја, особено кога е во прашање остварувањето на правдата, може да се најде решение – вели Фетаи.

Обвинителката на СЈО појаснува дека за случаите „Актор“ и „Скопје 2014“, кои што во изминатиот период се преземени од другите обвинителства, СЈО има нов рок од 18 месеци, којшто е различен од оној рок што измина, за подигање обвиненија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...