fbpx

Фестивалот „Охридско лето“ третпат најдобра манифестација за развој на туризмот

-

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето,“ кој годинава одбележа 55. години од постоењето, третпат доби признание од Министерството за економија за најдобра манифестација што придонесува во развојот на туризмот во Република Македонија.

Признанието е доделено во рамките на одбележувањето на 27 септември, Светскиот ден на туризмот.

Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и со врвни уметници продолжува и во иднина, а фактот дека тоа има голема улога во развојот на туризмот е мотив плус да се биде уште подобар и поуспешен со секое наредно фестивалско издание.

– Голема е возбудата повторно, веќе третпат да се добие едно вака големо признание, но и обврската да се оправда довербата што ни ја дава Министерството за економија. „Охридско лето“ и според бројот на учесници и посетители и според квалитетот на понудата е навистина главен чинител за збогатување на туристичката понуда – рече Јанкуловска.

Во истата категорија, признанија добија и манифестациите „Звуците на чаршијата“ од Скопје, Фестивалот „Браќа Манаки“ од Битола, „Тетовско културно лето“ и „Скопско културно лето“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...