fbpx

„Фени“ оди во стечај, банките бараат нов инвеститор за да наплатат 40 милиони евра долг

-

„Комерцијална банка“, „Стопанска банка – Скопје“ и „Силк банка“, како најголеми доверители на „Фени индустри“, денеска во судот во Велес поднеле барање за поведување стечајна постапка за компанијата, за која велат дека им должи 40 милиони евра. Како што рече Хари Костов, главниот извршен директор на „Комерцијална банка“, барањето е за преструктурирање и за реорганизација на „Фени индустри“, бидејќи целта на банките не е капацитетот да згасне, туку да се најде нов инвеститор кој ќе продолжи да работи.

Според Костов, бугарската компанија „Енекод“, која деновиве соопшти дека ја купила „Фени индустри“ од претходниот сопственик „Кунико рисорсис“ и ќе продолжи со работа, кажува невистини, оти досега не понудила ниеден доказ дека е нов сопственик, ниту пак ги уверила трите банки доверители дека има сериозен бизнис-план со кој би овозможила компанијата да работи и да го врати долгот.

Тој долг, како што на брифингот во Владата кажа вицепремиерот Кочо Анѓушев, не е единствениот, оти досегашниот сопственик должи и околу 20 милиони евра на доставувачите, работниците и на други субјекти. Според вицепремиерот, целта на Владата е „Фени“ да продолжи да работи бидејќи е од големо значење и за земјата и за Кавадарци.

И тој и Костов нагласија дека можностите во текот на стечајната постапка да се најде нов помоќен купувач отколку бугарската компанија се големи и дека се разговарало со „двајца големи играчи“ на пазарот со фероникелот.

– Цените на фероникелот на светските берзи во моментот се високи, што дава оптимизам дека ќе има заинтересирани – рече Костов.

Според Анѓушев, пак, некој од претходната власт толерирал незаконско работење, а неодамнешните контроли од УЈП и од Централен регистар утврдиле дека „Фени индустри“ дури немала поднесено завршна сметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето...