This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 23:32:21 2018 / +0000 GMT

Феми Кути премиерно со Македонската филхармонија во Градски парк




Реномираниот џез-музичар Феми Кути со Македонска филхармонија ќе одржи концерт на 7 јуни, информираа денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Шилегов го најави и утрешното емитување на македонскиот филм Исцелител, на отворена сцена во Градскиот парк. Филмот е добитник на 9 меѓународни награди, од кои 5 за најдобар филм.

- Исцелител е најпродаван филм, а овој пат на граѓаните им овозможуваме да го гледаат бесплатно. Проекцијата на филмот ќе биде во стариот дел од Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев каде што МКЦ ќе постави перници за седење – рече Шилегов.

Македонска филхармонија ќе одржи концерт во Градски парк и на 22 јуни, а ќе се изведуваат нумерите на светски познатиот бенд Квин.

Post date: 2018-06-05 12:56:58
Post date GMT: 2018-06-05 10:56:58
Post modified date: 2018-06-05 12:56:58
Post modified date GMT: 2018-06-05 10:56:58

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com