fbpx

„Фејсбук“: Околу 10 милиони лица ги виделе „руските огласи“ за американските избори

-

„Фејсбук“ соопшти дека околу 10 милиони лица пред и по изборите во САД во 2016 година ги прегледале огласите што се поврзуваат со руска агенција.

Компанијата претходно објави дека му предала на Конгресот околу 3.000 реклами кои се поврзуваат со Русија, а кои се фокусираат на различни социјални и политички пораки, вклучувајќи и ЛГБТ-права, имиграцијата и правото на оружје.

Огласите, како што се наведува, во многу случаи ги охрабриле луѓето да ги следат страниците за тие прашања.

Нешто помалку од половина од огласите се прегледани пред изборите, а 56 отсто по нив. Некои од тие огласи се платени со руска валута.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...