!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Фејсбук“ казнет поради кршење на законот за приватност


       
Париз, 16 мај, 2017 - 19:38 (META) 

Независната француска комисија за заштита на приватноста денеска го казни „Фејсбук“ со 150.000 евра поради кршење на француските закони за заштита на личните податоци.

Националната комисија за информатика и за слободи го казни „Фејсбук“ поради следење на активностите и користењето на личните податоци на 33 милиони корисници, како и други лица кои пребаруваат на интернет, а не се корисници на социјалната мрежа.

Комисијата соопшти дека „Фејсбук“ спроведува масовно прибирање лични податоци за таргетирано рекламирање без правна основа, и покрај минатогодишното официјално предупредување.

Комисијата ја обвини компанијата дека собирала податоци за политичката и за религиозната определба на корисниците и за нивната сексуална ориентација, а за тоа не ги известувала корисниците.

Претставниците на „Фејсбук“ во Франција засега одбиваат да ја коментираат одлуката на комисијата.