fbpx

„Фејсбук“ има докази дека Русија се мешала во изборите во САД

-

Американската компанија „Фејсбук“ открила извори поврзани со Русија кои платиле околу 100.000 долари за неколку илјади политички реклами на оваа социјална мрежа, пренесува „Би-би-си“.

Од „Фејсбук“ за тоа ги известиле американските власти кои ја истражуваат наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

„Во рамки на проруската кампања се потрошени 100.000 долари за околу 3.000 реклами во период од две години, заклучно со мај 2017 година“, соопшти компанијата што ја поседува социјалната мрежа.

Доказите се предадени на специјалниот обвинител Роберт Милер, кој раководи со истрагата за вмешаноста на Русија во минатогодишните претседателски избори.

Платените огласи ги пренасочувале корисниците кон 470 профили кои ширеле лажни информации или ги кршеле условите на оваа социјална мрежа.

„Рекламите и профилите се фокусирале на ширење различни општествени и политички пораки“, стои во соопштението на „Фејсбук“ и се додава дека профилите сега се исклучени.

Проруската кампања е откриена во рамки на интерната истрага на „Фејсбук“ за можни злоупотреби на социјалната мрежа во предизборната кампања во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...