fbpx

Фаворитите Трамп и Клинтон доживеаја пораз во Висконсин

-

Републиканскиот претседателски кандидат Тед Круз на предизборите во сојузната американска држава Висконсин однесе голема победа над конкурентите Доналд Трамп и Џон Кејсик. Со тоа се комплицира понатамошната трка за републиканска претседателска номинација.

Истовремено, демократскиот кандидат Берни Сандерс остври значајна предност над фаворизираната поранешна прв дама и државна секретарка, Хилари Клинтон.

Трамп и понатаму е во водство, но имајќи предвид дека во изминатите недели неговата кампања, пред сè, поради неговите контроверзни изјави за абортусот, влезе во своевидна криза, сè повеќе се смета дека во финалето нема да успее да собере доволен број гласови од делегатите на партиската конвенција.

„Би-би-си“ пренесува дека Трамп не е претерано популарен во републиканскиот естаблишмент, па голема е веројатноста дека врвот на партијата нема да се одлучи за него.

– Вечерва сме на пресвртница. Ќе победиме затоа што носиме единство меѓу републиканците – рече Тед Круз во победничкиот говор.

Од друга страна, „Би-би-си“ наведува дека следуваат предизбори во неколку сојузни држави кои се особено наклонети кон Трамп, па така сите опции и понатаму се отворени.

Кај демократите, засега не изгледа дека Клинтон е во голема опасност, а дали Берни Сандерс претставува вистинска закана, ќе се види по претстојните предизбори во Њујорк, Пенсилванија. Сепак, повеќето аналитичари се уверени дека таа ќе успее да ја освои партиската номинација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...