fbpx

ФАЦ: Повторно воведен „црвен телефон“ меѓу НАТО и Русија

-

„НАТО повторно воведува директна тајна телефонска линија со рускиот воен врв“, пишува денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), повикувајќи се на анонимен извор од Алијансата.

Како што пишува весникот, иницијативата за воспоставување директен контакт, во декември минатата година, ја покренал германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, поради зголемената тензија во светот, предизвикана од конфликтот во Украина.

Штајмаер, пишува ФАЦ, предложил да се воспостави директна врска помеѓу двете команди за да се спречи директен судир, во случај да дојде до уште поголема криза.

Станува збор за прв обид за директно поврзување на двата воeни врва, по завршувањето на Студената војна.

Тогашниот Советски сојуз и САД, по Кубанската нуклеарна криза, воспоставија директна телеграфска врска меѓу воените каманди на двете земји, позната како „црвен телефон“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...