fbpx

Фантомски гласачи, мртви души и преполни станови на избирачкиот список

-

Низа нерегуларности открија граѓаните при проверка на личните податоци во избирачкиот список преку веб-апликацијата што од вчера е достапна на официјалната страница на Државната изборна комисија.

Граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека на нивните адреси живеаат луѓе кои тие не ги познаваат, дека на списокот има починати лица и дека има лица кои повеќе години се иселени од Македонија. Освен тоа, забележани се и фиктивни влезови, станови, напуштени куќи, по 50-60 лица во еден стан, како и стари имиња на улици.

На социјалната мрежа „Твитер“ се појави хаштаг #СеПоСписок на кој се твита за нерегуларностите што ги откриваат граѓаните при проверката на списокот.

Најчесто се укажува на тоа дека на списокот на секоја од улиците Максим Горки, Димче Мирчев, Васил Ѓоргов и Киро Крстевски-Платник во центарот на Скопје има барем по еден стан со 60 регистрирани станари.

Сите забележни неправилности граѓаните можат да ги пријават во ДИК, која е единствена надлежна за запишување, дополнување и за бришење од избирачкиот список по барање на граѓани.

Според новиот Изборен законик изгласан во 2015 година, проверката на избирачкиот список може да се направи на три начини, или преку единствен матичен број или преку име и презиме или преку адреса на живеење.

Член 10
28-в) обезбедува електронски пристап до избирачкиот список во согласност со прописите за заштита на лични податоци;
28-г) Државната изборна комисија го објавува избирачкиот список на својата веб-страница со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите. Секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија да не биде објавена неговата адреса во избирачкиот список од безбедносни причини.
28-д)Еднаш месечно Државната изборна комисија го ажурира избирачкиот список врз основа на известувања за промени на податоци на граѓаните. На секои шест месеци Државната изборна комисија јавно ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена на истите.

За повеќе десетици лица запишани на избирачки список во ист стан се говореше и во седмата „бомба“ што ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Разговорот, како што тогаш изјави лидерот на опозицијата, се води помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и Мартин Протоѓер, шефот на кабинет на поранешниот премиер, Никола Груевски.

ГЈ: Медрано.
МП: Значи, циркус, а?
ГЈ: Вика, Ристе го пуштивме да ни кажува од лице место. Една од СДС се држи за радијатор и ме гребе, и оваа се мава од радијатор. Човечињава идат и гласаат и ќутат. И климаат со глава. Тој еден луд џандар и вика, госпоѓо отстапи….Лудница. Ама знаеш, таму е стварно лудница, ама си гласаат луѓево. хахаххаха
МП: Си гласаат луѓето непречено.
ГЈ: Мислам, ја многу би сакала да видам како изгледа оваа како се мавала од радијатори и му вика, Ристе тебе те знам, ќе видиш ти убаво.
МП: хахахаха
ГЈ: А, го знае и кај работи.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Циркус, Медрано.
МП: Лудница, ама добро оди, добро оди.
ГЈ: Абе, луѓево, човечињава си гласаат. Ова е сè споредно шо ти кажувам. Сите будалетинки се пуштени таму на интервенција.
МП: Многу јако.
ГЈ: А, знаеш провокации, што ти не, ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста.
МП: хахахаха
ГЈ: Па ги снимале за рака кај што одат, па ги објавиле на „Либертас“ или на незнам кој. Циркус е, циркус е, мислам, лудница. Ние, сега ќе организирам, у седум искачаме и викаме беше фер, демократски, мирно, нема пријави, освен овие за Струга ќе оставиме простор.
МП: Да, да, да, за Струга остави простор. Важи.
ГЈ: Другово, прогласуваме победа.
МП: Да, да, да, топ, топ, топ.
ГЈ: Ајде, чао.
МП: Чао.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...