fbpx

„Фабрика за афери“: Новинарот на „Фокус“, Арсиќ, не откри кој му ги дал личните карти

-

Новинарот од „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој преку новинарски текстови ја обелодени аферата со фалсификуваните лични карти, денеска во судот сведочеше како сведок на Обвинителството во случајот „Фабрика за афери“. Тој посочи дека 105 лични карти му ги предало непознато лице, а на прашањето дали го знае изворот, Арсиќ рече дека поради новинарската етика и професија нема да го открие изворот што му ги предал личните карти, пишува „Академик“.

„Тој ми кажа дека личните карти се изработувале на две локации, дека полицијата знаела за тоа и дека тие немаат метална фолија, но мене не ми беше познато што значи тоа“, рече Арсиќ пред судот.

Изворот му рекол дека постојат триесетина илјади вакви лични карти и дека нивната намена била да се искористат за избори.

– Тоа за мене беше доволна индиција да се позанимаваме со случајот. Личните карти ги пријавив во МВР, а два дена подоцна го објавив првиот текст. Имајќи предвид дека како медиуми контактиравме со анонимни извори и претходно, нашата цел беше да не се занимаваме со тоа дали личните карти се фалсификувани. Тоа е работа на институциите. Нашата цел беше да го провериме поширокиот контекст, односно кои се лицата, дали тие постојат, дали податоците се нивни и дали овие лични карти биле употребени на избори, што беше целта на нашето истражување – појасни Арсиќ.

Тој истакна дека и понатаму е сè уште непознато, за него, за медиумот „Фокус“ и за јавноста, кој ги изработувал личните карти, дали е тоа по нечија нарачка, за која намена и зошто биле избрани тие како медиум да го објават случајот.

Случајот со личните карти Арсиќ го пријавил во МВР, каде што разговарал со директорот на Бирото за јавна безбедност, кој веднаш повикал лица кои отвориле случај и составиле записник.

– Во МВР поминав повеќе од два часа, ме испрашуваа, но и детално ги внесувале податоците од личните карти што ги пријавив – рече Арсиќ.

На крајот, на прашањето на обвинителката дали сега знае кој е изворот, Арсиќ одговори дека неговата морална и етичката одговорност го обврзуваат да не ги изневери колегите и професијата и затоа нема да каже кој е изворот.

По него сведочеше Драган Наковски, вработен во МВР, во својство на лице чии податоци, односно име, презиме и матичен број, биле злоупотребени без негово знаење.

– Колеги од МВР ме повикаа и ми го покажаа образецот од лична карта на кој беа наведени моите податоци, но имаше друга слика и друга адреса, не таа на која јас живеам. Никогаш не сум дал согласност за употреба на моите лични податоци, ниту, пак, знам за која намена биле злоупотребени. Секако, се чувствувам оштетен поради злоупотребата – рече сведокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...