fbpx

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

-

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија.

Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција да преземе соодветна акција при обидот за пуч, сепак ја повикуваат да ја заштити парламентарната демократија.

Тие ја повикаа Турција да ги почитува човековите права, владеењето на правото и правичното судење што се во согласност со посветеноста на државата како кандидат за членство во ЕУ.

Турција вчера реагираше на пратениците на ЕУ во Анкара поради критиките за чистките во државните институции по неуспешниот обид за пуч на 15 јули.

ЕУ ја критикуваше Турција поради апсењето политичари од Народна демократска партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...