Европската унија и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија


       
Токио, 17 јули, 2018 - 13:23 (META) 

Договорот за слободна трговија кој го потпишаа Европска унија и Јапонија претставува „јасна порака против протекцинизмот“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во Токио, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Покажуваме дека сме многу силни и во подобра позиција кога работиме заедно“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Договорот помеѓу ЕУ и Јапонија предвидува зона на слободна трговија која покрива речиси една третина од светскиот домашен бруто-производ (БДП).

Состанокот во Токио требаше да се одржи минатата недела во Брисел, но јапонскиот премиер Шинзо Абе ја откажал средбата поради поплавите во Јапонија во кои настрадаа повеќе од 200 лица.