fbpx

Европската унија договори финансирање фонд за помош на банките

-

Министрите за финансии на Европската унија постигнаа компромис за првата фаза на финансирање на фондот за еврозоната за помош на ослабените банки.

Заедничкиот фонд за помош на банките во еврозоната треба да ги покрие трошоците за згаснување на ослабените банки, а ќе биде финансиран од годишните придонеси на банките, наведуваат европските официјални лица, пренесува „Ројтерс“.

Фондот, својот полн капацитет од 55 милијарди евра, ќе го достигне по седум години, а ќе биде ранлив во случај ако нова банкарска криза дојде во првите години од неговата работа.

За фондот успешно да функционира од почеток, министрите за финансии договорија владите од земјите во еврозоната да обезбедат средства за прва фаза во функционирање на фондот, со што би се обезбедиле средствата за премостување.

Конечниот договор за средствата за премостување се очекува во декември.

Европската комисија и Европската централна банка се заложија за тоа средствата за премостување да се повлечат директно од Европскиот стабилизациски механизам, но на тоа се спротивстави Германија, која дава најмногу пари во тој механизам.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...