fbpx

Европската централна банка ѝ го возвраќа ударот на Грција

-

Европската централна банка синоќа одби грчкиот надворешен долг да го замени со обврзници кои би се отплаќале во согласност со порастот на економијата. Брисел на овој начин го префрла товарот на Атина и ја тера Грчката централна банка да ги финансира банките, но и ја изолира додека не го спроведе новиот пакет реформи.

Грчката централна банка во следните недели мора да им обезбеди на своите банки дополнителни десеттина милијарди евра за ликвидност.

ЕЦБ соопшти дека овој потег „е во согласност со постојните правила на еврозоната, затоа што во моментот не може да се претпостави успешно заклучување на ревизија на програмата“, пишува британски „Телеграф“.

Одлуката на ЕЦБ следи неколку часа по средбата на грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, во Франкфурт. Варуфакис по средбата изјави дека имале „продуктивен и охрабрувачки“ разговор со Драги.

– Имавме особено корисен разговор и одлична комуникација, која ми дава голема надеж во поглед на иднината – рече Варуфакис по состанокот со Драги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...