Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог


       
Брисел, 4 октомври, 2017 - 18:42 (META) 

Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог, дури и ако постои општ консензус дека Каталонците го прекршиле шпанскиот закон за распишување реферндум за независност.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека каналите на комуникација помеѓу Шпанија и Каталонија мора да останат отворени.

Тимерманс додал дека е време за разговор за да се најде решение за безизлезната ситуација, во рамките на шпанскиот уставен поредок.

Во однос на повикот од страна на Каталонците, ЕУ да интервенира во спорот помеѓу Барселона и Мадрид, тој додаде дека се работи за внатрешно прашање на Шпанија, кое мора да се реши во рамките на шпанскиот устав.