fbpx

Европската комисија апелира што поскоро да се усвои изборниот закон

-

Европската комисија не сака да коментира дали поактивно ќе се вклучи во решавањето на новиот ќор-сокак во кој навлегоа преговорите за изборниот закон, ниту, пак, дали е планирана посета на високи претставници или на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија.

Портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, на новинарско прашање ја повтори вчерашната изјава, притоа истакнувајќи дека политичките лидери треба што поскоро да постигнат договор.

– Жалиме што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии да постигнат договор што поскоро, пожелно би било уште денеска. Како што знаете, се приближува датумот на изборите. Овој изборен закон мора да биде усвоен што е можно поскоро и да почне неговата имплементација бидејќи изборите се во април. Тоа е процес кој треба да се спроведе, а изборите треба да бидат добро подготвени – рече Маја Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...