fbpx

Европратениците побараа Унгарија да го екстрадира Груевски

-

Европскиот парламент денеска при гласањето за резолуцијата за Македонија и усвои и два амандмани со кои се бара Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија, јави МИА.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил „транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот „македонски“ од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот, известува МИА.

Усвоен е и амандманот на групата на Зелените за загрозувањето на животната средина преку одредени инфраструктурни проекти. Европскиот парламент бара да се суспендираат проектите во Националниот парк Маврово додека не биде комплетирана „Стратешка проценка за животната средина“ во целосна согласност со европското законодавство за животна средина.

Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл беше усвоена со 470 гласови за и 116 против.

Сами по себе, резолуциите како оваа, па и гореспоменатите амандмаи, не се строго обврзувачки, туку посочуваат политичка желба и ориентација нешто да се преземе. Имајќи ја предвид важноста на Европскиот парламент, сепак, во поголем дел од слични случаи во минатото се презеле мерки за да се спроведе посоченото од европратениците.

Но бидејќи станува збор за Унгарија, која во текот на последните два мандати на Виктор Орбан е „бунтовното дете“ во ЕУ и многупати отворено се спротивстави дури и на директиви, сосема изгледно е дека овие две резолуции ќе останат само акти во архивата на ЕП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...