fbpx

Европол предупреди за можни нови напади на ИД во Европа

-

Европската полициска служба – Европол денеска предупреди дека Исламска држава (ИД) во блиска иднина најверојатно ќе изведе нови напади во земји од Европската Унија, како што ги губи своите територии на Блискиот Исток. Напади, според Европол, се можни и во други земји кои се дел од меѓународната коалиција на чело со САД, која се бори против терористичката организација во Сирија и во Ирак.

„Проценките на некои од разузнавачките служби покажуваат дека неколку десетици лица, со кои раководи Исламска држава и кои е можно во моментов да се наоѓаат во Европа, се способни да изведат терористички напади“, се наведува во извештајот на Европол.

Во извештајот се предупредува дека тактиките што екстремистите на ИД ги користат во Сирија и во Ирак, како што автомобили бомби, киднапирања и изнуда, можно е да бидат искористени на цели во Европа.

Според Европол, постои мала веројатност цел на нападите да бидат важни инфраструктирни точки, како што се нуклеарните постројки. Во извештајот се укажува на промена во нападите, од симболични цели, како што се полицајци или војници, во случајни напади на „меки цели“, како што беа минатогодишните напади во Париз.

„Нападите на случајни цели имаат многу силен ефект на јавноста, што е еден од главните цели на тероризмот – заплашување на цивилното население“, се наведува во соопштението на Европол.

Разузнавачките агенции во земјите членки на ЕУ, се додава во извештајот, се согласни дека „терористичката група има мали способности за изведување на сајбер-напади“, но дека тие не треба да се исклучуваат.

Европол наведува дека автоматското огнено оружје, ножевите и возилата, поради нивната ефикасност, достапност и едноставното користење, ќе останат најчесто користените средства за терористички напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...