fbpx

Европол им испрати разгледници на криминалците во бегство: Ни недостигате!

-

Европските полициски сили во рамки на новата летна кампања им испратиле „духовити“ разгледници на најбараните европски криминалци во бегство, со желба тие да се вратат што побргу.

„Драг Артур, белгискиот помфрит е најдобар и знаеме дека ти недостига. Врати се да уживаш во него – имаме убаво изненадување за тебе“, стои во разгледницата на белгиската полиција.

Комплетирана со манекенот Пис, порција помфрит и со чаша пиво, разгледницата е адресирана на Артур Новроцк, осуден за трговија со дрога, кој е во бегство.

Кампањата летни разгледници на Европол е објавена денеска, во рамки на иницијативата да се фатат европските најбарани криминалци.

„Мил Фарук, сигурно знаеш дека животот е најдобар во слатката Франција. Се надеваме дека ќе се вратиш наскоро“, пишува на разгледницата на француската полиција, со слика од Ајфеловата кула и со поздрав на француски „ни недостигаш“.

Фарук Хачи во 2009 година беше осуден во отсуство на 20 години затвор поради неколку вооружени грабежи.
Целта на духовитата кампања на Европол е да ги повика граѓаните да ја следат веб-страницата на агенцијата, со надеж дека ќе може да помогнат да им се влезе во трага на најбараните криминалци.

„И додека повеќето од вас уживаат во заслужениот летен одбор, криминалците не прават пауза во криминалот. Туристичките дестинации се популарни места за криење на криминалците“, стои во соопштението на Европол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...