fbpx

Европарламентот изгласа да се замрзнат преговорите со Турција

-

Членовите на Европскиот парламент денеска изгласаа привремено да се сопрат преговорите за членство на Турција во ЕУ, поради „несразмерната“ реакција на Анкара по пропаднатиот државен удар во земјата, извршен на 15 јули годинава.

Иницијативата, со која се повикува Европската комисија и националните влади да ги замрзнат преговорите, не е обврзувачка.

Европарламентарците кон почетокот на неделава повикаа да се преземат вакви мерки поради кршењето на човековите права во Турција. Тие истакнаа дека државата е водена „автократ“ и ори претседателот Реџеп Таип Ердоган има за цел да ја „уништи“ ЕУ. Европратениците бараат преговорите да бидат сопрени се додека Анкара не направи поголеми напори да ги исполни барањата на европскиот блок.

Турција постојано се соочува со критики од ЕУ за кршењето на човековите права, демократијата и слободата на медиумите, а загриженоста на Брисел ескалираше изминатите месеци по акциите на турските власти по обидот за пуч во јули.

По неуспешниот државен удар, властите во Анкара наредија масовни приведувања, апсеа и отпуштања на претставници на опозицијата, професори, новинари, јавни службеници, припадници на полициските и воените сили поради наводната блискост со курдските сепаратисти и имамот Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува дека го организирал пучот.

Ердоган по обидот за преврат изјави дека би можел да ја врати смртната казна за да се справи со лицата кои беа дел од пучот. Ваквата изјава наиде на жестока реакција во Брисел и кај меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...