fbpx

Европа не смее да ја остави Грција на цедило, порачува Меркел

-

Европа не смее да дозволи Грција да западне во хаос, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за телевизијата АРД, пренесува „Би-би-си“. Изјавата на Меркел доаѓа во време кога постои голема поделеност меѓу земјите-членки на Европската Унија околу начинот на решевање на мигрантската криза.

Германската канцеларка рекла дека членките на ЕУ не се бореле минатата година да ја задржат Грција во еврозоната за сега, по само една година, „да ја остават на цедило“.

„Дали навистина верувате дека сите членки на ЕУ, кои минатата година се бореа Грција да остане во еврозониата, меѓу кои ние бевме најстрогите, по една година ќе дозволат Грција да биде фрлена во хаос“, изјавила Меркел.

Таа, истовремено, во интервјуто, ја бранела својата одлука Германија да ги отвори границите за бегалците и покрај тоа што таа одлука имаше негативен ефект на нејзината популарност.

Повеќе од еден милион баратели на азил минатата година пристигнаа во Германија, што предизвика несогласувања во самата владејачка коалиција и пораст на десничарскиот екстремизам.

Според процените, во моментов во Грција има повеќе од 25.000 мигранти. Бегалците од Ирак, Сирија и од Авганистан се распоредуваат низ мигрантските центри и во привремените засолништа низ целата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...