fbpx

Европа да ги отфрли сепаратизмот и национализмот, порача Јункер од Шпанија

-

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска ја повика Европа да се спротивстави на сепаратизмот во време кога иницијативата за незaвисноста на Каталанија длабоко ја подели Шпанија, јавуваат светските агенции.

– Национализмот е отров кој ја спречува Европа да функционира обединето – рекол Јункер во својот говор на универзитетот во шпанскиот град Саламанка, каде денеска му била врачена награда.

Тој додал дека на ситуацијата „не може да се гледа со скрстени раце“ и дека е против „сепаратизмот која ја слабее Европа и дополнително ги проширува постоечките пукнатини“.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, кој го придружувал Јункер во Саламанка, му се заблагодарил на претседателот на ЕК за поддршката во вакви тешки времиња.

– Јункер ги поддржува потезите на шпанската влада, нашиот устав и правосуден систем – изјавил Рахој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...