fbpx

„Евробаскет 2015“: Македонија загуби од Грузија со 15 поени разлика

-

Македонската кошаркарска репрезентација денеска загуби од тимот на Грузија со резултат 90 – 75, во мечот од претпоследното коло во групата Ц, на Европското првенство, кое се одржува во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција.

Ова е трет пораз за македонските кошаркари во групната фаза од првенството, со што во голема мера се намалија шансите за пласман на нашиот тим во втората фаза од натпреварувањата на „Евробаскет 2015“.

Најефикасен играч во селекцијата на Грузија беше Заза Пачулија, кој оствари дабл-дабл од 23 поени и од 13 скока, додека во македонската репрезентација најпрецизни беа Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.

Во последното коло од групната фаза, кое е на програмата утре (10 септември), македонските кошаркари од 15 часот играат против селекцијата на Словенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.