fbpx

Еврејката Шела Шијон Алтерац третпат се врати во родниот Штип

-

Штипската Еврејка Шела Шијон Алтерац цели 55 години молчела пред семејството за голготата што ја поминала на десегодишна возраст, кога заедно со семјството била земена од домот и однесена во Монополот. Денеска третпат се врати од Изреал во родниот Штип, на одбележувањето на 73-годишнината од депортацијата на Евреите.

Осумдесет и тригодишната Шела раскажа дека тогаш три недели поминала во валканиот Монопол меѓу 500 луѓе, речиси без вода и храна.

– Дојдоа војници со пушки, тропаа на врата. „Брзо, брзо, за половина час бидете долу“, ни рекоа. „Не земајте многу работи, нема да ви требаат“. Пред куќата видовме дека таму има цела колона луѓе, а од куќите излегуваа сè повеќе и повеќе луѓе. Сите се упативме кон железничката станица. Кога стигнавме таму, ни одзедоа сè – обетки, прстени, часовници, па следуваше еден убав, детален преглед – раскажа оваа Еврејка, која е меѓу ректките што успеале да се спасат.

Според нејзиното кажување, сестра ѝ живеала во Приштина, во Косово, и кога дошла да се прости од семејството, мајка ѝ ја пратила со неа, со што ѝ го спасила животот.

Другите од семејството биле однесени во Треблинка.

Шела Шијон Алтерац сега живее во Изреал, каде има три деца и десет внуци. Од одбележувањето на јубилејот, Шила замина на улицата Развигоров, на местото каде била куќата во која се родила.

Повеќе од 7.000 македонски Евреи биле однесени во логорот на смртта Треблинка. Повеќе од 80 отсто од нив веднаш биле убиени.

Штип, како и секоја година, и оваа на 10. март се потсети на депортацијата на своите сограѓани Евреи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...