fbpx

Евреите во Хрватска ги бојкотираа церемониите за Денот на Холокаустот

-

Додека низ светот со бројни церемонии се одбележуваше Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, во Хрватска одбележувањето беше поматено од бојкотот на Еврејската заедница на државната церемонија. Нејзиниот став е дека конзервативната влада не прави доволно за спречување на пронацистичките пројави во Хрватска.

Лидерот на Хрватската еврејска заедница, Огнен Краус, изјави дека одлуката за бојкот била донесена бидејќи властите не ја отстраниле спомен-плочата во концентрациониот логор во Јасеновац, на која е поздравот на усташите „За дом спремни“ (Подготвени за домот).  Слична плоча е поставена и во Кутина.

Државна делегација денеска положи венец на еврејските гробишта во Загреб. Премиерот Андреј Пленковиќ од Ерусалим вчера порача дека прашањето е деликатно, оти спомен-плочата всушност не била за усташите, туку за хрватските бранители кои загинале во, како што ја нарече, татковинската војна во првата половина на 90-тите години на минатиот век.

Инаку, главниот настан беше во поранешниот нацистички логор Аушвиц, изграден од нацистите на територијата на окупирана Полска, кога преживеаните жртви на Холокаустот положија цвеќе на Ѕидот на смртта во логорот. Тие се присетија на морничавите денови.

Денот кога концентрациониот логор Аушвиц беше ослободен од страна на советските војници во 1945 година, 27 јануари, се одбележува како Ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Комесарот за човекови права на ОН при одбележувањето на овој ден, ја истакна опасноста од антисемитизмот, од сите форми на расна и на верска омраза, како и од дискриминацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...