fbpx

Евакуирани 20.000 посетители на музички фестивал во Барселона поради пожар

-

Повеќе од 20.000 посетители на музичкиот фестивал „Тумороуленд јунајт спејн“ во Барселона се евакуирани синоќа откако пожар изби на главната сцена, јавуваат шпанските медиуми.

Организаторот на настанот на социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но конструкцијата на сцената целосно изгорела.

Полицијата соопшти дека евакуацијата минала мирно и без паника. Засега нема инфиормации за повредени при инцидентот.

https://twitter.com/newnewspage/status/891540565187321856

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...