fbpx

Евакуација во Лондон поради опасност од истекување на гас

-

Лондонската железничка станица Черинг крос и околните хотели и ноќни клубови ноќеска се евакуирани поради истекување гас.

Од клубот „Хевен“ и хотелот во близина се евакуирани околу 1.450 луѓе.

Службите за брза помош биле предупредени околу два часот по полноќ дека на улицата Крејвен, во близина на железничката станица Черинг крос, е забележана голема концентрација на природен гас. На местото веднаш пристигнале две противпожарни возила, 20 спасувачки возила и 20 пожарникари.

Полицијата ја затворила улицата „Странд“, главната сообраќајна артерија на британската престолнина, која води до плоштадот Трафалгар и апелираше граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.

Поставен е кордон од 150 метри, додека инженери се обидуваат да го најдат местото од каде што протекува гасот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...