fbpx

„Еуромакс Рисорсес“ ги претстави придобивките од рудникот Иловица

-

Компанијата „Еуромакс Рисорсес“, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претставила економските придобивки и мерките за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука.

Присутните, како што информираат од компанијата, биле заинтересирани за еколошките мерки што се предвидуваат со проектот, евентуалното влијание на рудникот и инфраструктурата врз селата, како и влијанието врз економијата.

„Уште еднаш сакам да истакнам дека одржуваме постојана комуникација со локалните власти, со надлежните институции и со Владата. Работиме на спроведување на сето она што беше договорено на последната заедничка средба во јули “, вели Варшан Гокул, извршен директор на „Еуромакс Рисорсес“.

Претставниците на компанијата повторно потенцирале дека цијанид и сулфурна киселина нема да се користат и уште еднаш ја презентирале улогата на независното тело за мониторинг кое ќе се организира во соработка со Владата.

Посебна презентација била посветена за начинот и типот на експлозивни материи кои ќе се користат во рудникот. Од „Еуромакс“ објасниле и дека ќе нема загадување на животната средина и на водата, дека ќе се контролира прашината на сите патишта, дека постојано ќе се контролира квалитетот на водата и воздухот, ќе се употреби соодветна гео-текстилна мембрана во хидројаловиштето, стабилноста на насипот и максималното реискористување на водата при флотацијата.

„Веќе имаме добиено над 1.000 апликации за работа, иако немаме отворен повик за вработување. Сакаме да бидеме долгорочен економски партнер на локалната заедница и бизнисите, во наредните 20 години локално ќе се трошат околу 74 милиони евра годишно. Ќе бидеме партнери на Владата и на општините преку плаќање на 24 милиони евра даноци годишно, од кои три милиони евра ќе се влеваат директно во локалните општини по основ за концесиски надоместок, што претставува 40 проценти зголемување на нивниот буџет. Подготвени сме да продолжиме со развој на проектот со поддршка и соработка со сите заинтересирани страни“, дополнува Гокул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...