fbpx

ЕУ: Зајакнување на трговијата со Иран е клучна за спроведување на договорот

-

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека ЕУ ги охрабрува компаниите да развиваат бизнис со Иран, бидејќи таа земја ги исполнува условите за примена на договорот за нуклеарно оружје.

Могерини, која е во посета на Нов Зеланд, изјави дека ЕУ вложува напори иранскиот народ да има економски бенефит кој го носи примената на договорот, бидејќи е во интерес на регионот и на целиот свет, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот претседател, Доналд Трамп во мај одлучи да се повлече од договорот, а синоќа потпиша указ за повторно воведување на санкции кои денеска стапија на сила.

Првата фаза од санкциите подразбира блокада на финансиските трансакции, увоз на сировина како и казнени мерки во секторите за купување на автомобили и авиони. Втората фаза на санкции, кои ќе стапат на сила во ноември, ќе ги погоди нафтениот сектор и иранската централна банка.

ЕУ вчера изрази жалење поради повторното воведување на американски санкции, но очекува од Иран да продолжи во потполност да ги спроведува обврските преземени во рамките на договорот за нуклеарно оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...