fbpx

ЕУ загрижена поради апсењата на курдските пратеници во Турција

-

Европската Унија е длабоко загрижена поради апсењето лидери и пратеници на прокурдската Народна демократска партија (НДП) во Турција и по тој повод контактирала со Анкара, изјави високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Могерини на „Твитер“ објави дека Унијата контактирала со турските власти и оти е повикан на состанок амбасадорот на ЕУ во Анкара.

Странските агенции наведуваат дека засега никој од претставниците на ЕУ не можеле да изнесат детали за состанокот со амбасадорот.

Истовремено, турскиот министер за правда, Бакир Боздаг, рече дека апсењата на курдските пратеници се во согласност со законот.

Неколку часа по апсењето одекна експлозијата во јужниот турски град Дијарбакир, во кој мнозинството од населението се Курди.

– Меѓу жртвите има цивили и полицајци, а има и многу ранети – рече Боздаг, без да даде прецизни цифри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...