fbpx

ЕУ со телевизиски канал ќе се бори против пропагандата на Путин

-

ЕУ разгледува можност за европски ТВ-канал „против пропагандата на Путин“, обзнани популарната веб-страница „Базфид“ во интервју со летонскиот министер за надворешни работи, непосредно пред Рига да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот од 2015 година. Земјите-членки на ЕУ сè посериозно ја разгледуваат можноста за отворање сопствен ТВ-канал кој ќе има цел да се бори против „пропагандата на Путин“.

Летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевич, во интервјуто порача дека идејата ја има поддршката на околу 15 земји-членки на Унијата, меѓу кои скандинавските и балтичките земји, Полска, Велика Британија.
Идејата, според него, е да се создаде ТВ-канал „за да се инвестира заедно во алтернативен извор на информација – не во алтернативни извори на пропаганда, туку во нормален алтернативен ТВ-канал, со забава, вести и со фактички точни информации“.

ТВ-каналот би се емитувал на руски јазик и би им бил противтежа на руските медиуми кои се емитуваат на јазиците од ЕУ, како РТ (Russia today) и РБХ (Russia beyond the headlines), Гласот на Русија, итн. кои ја презентираат руската верзија на конфликтот во Украина и руската визија за глобалните случувања.

Европската комисија била информирана за „недостигот од независност на медиумите на руски јазик присутни во ЕУ и во нејзиното соседство. Има предлози за алтернативни медиумски гласови на руски, вклучително и ТВ-канали.

„Европската комисија одблиску ја следи оваа размена на идеи и е подготвена да ја разгледа секоја конструктивна можност да се одговори на овие прашања“, потврди портпарол на ЕК за новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...