fbpx

ЕУ предупреди осум членки за големите буџетски дефицити

-

Европската комисија предупреди осум земји од еврозоната дека ризикуваат да ги прекршат правилата поради големите буџетски дефицити.

Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Финска, Литванија и Словенија имаат план за буџетите за следната година, кои би можеле да не бидат во согласност со правилата на еврозоната, според кои земјите морат да ги држат буџетските дефиците под три отсто од домашниот бруто-производ.

Комисијата соопшти дека бавниот развој и зголемената несигурност, која, меѓу другото, е предизвикана од Брексит и од американските избори, ја оптоваруваат европската економија.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека тие што можат да си дозволат, мора да инвестираат повеќе, а тие што имаат помал финансиски простор треба да спроведат реформи и фискална консолидизација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...