fbpx

ЕУ почна процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија

-

Министрите за финансии од еврозоната донеле одлука да почнат процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија поради кршење на правилата на ЕУ за трошење.

Двете земји се обвинети дека не прават доволно напори да го намалат нивниот буџетски дефицит, кој според регулативите на ЕУ треба да изнесува помалку од три проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Правилото беше воведено во 1999 година, пред воведувањето на еврото, а досега ниту една земја не била казнета за неково прекршување.

Санкциите би значеле казна од 0,2 отсто од БДП на земјата и суспензија од обврските или исплатите од структуралните фондови на ЕУ од околу 0,5 отсто.

Брисел минатата година побара од Шпанија да го намали дефицитот на 4,2 отсто од БДП, но Мадрид не успеа во тоа, па тој на крајот на годината изнесуваше 5,1 отсто, што е за 0,8 отсто помалку во споредба со дефицитот од 2014 година.

Лисабон, пак, минатата година имаше дефицит од 4,4 отсто, што е за околу 10 отсто помалку во споредба со 2010 година, но помалку од три отсто во споредба со 2014 година, кога дефицитот изнесувал 7,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...