fbpx

ЕУ ќе реагира соодветно ако САД го ограничи увозот при трговијата

-

Европската Унија е подготвена да реагира брзо ако Соединетите Американски Држави го ограничат увозот од Европа, објави денеска Европска комисија.

Оваа реакција следува откако американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека „соодветно ќе одговори на неправедната трговска политика на Европска Унија“.

„Нашите производи не можат да влезат на пазарот на Европска Унија, а тие ни испраќаат нивни производи за кои не плаќаат данок или тој е мал. ЕУ е неправедна спрема САД, но тоа е на нивна штета“, изјавил Трамп.

Според портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, трговијата помеѓу САД и ЕУ треба да биде во добивка и за двете страни.

„Веруваме дека трговијата, освен што треба да биде отворена, треба да се темели на правила. ЕУ е подготвена да реагира брзо и на соодветен начин доколку нашиот извоз е погоден од рестриктивни трговски мерки од страна на САД“, изјавил Шинас.

Трамп побара спроведување на трговски правила и минатата недела потпиша закон за воведување на 30 отсто царина на увозни соларни плочи и 20 отсто на машини за перење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...